Кипар се надева дека наскоро со Русија ќе го договори преструктуирањето на рускиот кредит од 2011
Објавено во: Свет 14 Април, 2013 18:27
Кипар се надева дека следните неколку недели ќе постигне договор со Москва за преструктуирањето на рускиот кредит од 2011 година, изјави кипарскиот министер за финансии Харис Георгијадис во Даблин, каде учествува на средбата на министрите за финансии на земјите од Европската унија.
Георгијадис истакна дека е оптимист во однос на резултатот од преговорите за преразгледување на договор за кредит од 2,5 милијарди евра, одобрен од Русија во 2011 година за рок од 4,5 години, со годишна каматна стапка од 4,5 отсто.
Тој изрази благодарност за подготвеноста на Русија да го преразгледа договорот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




