Кирацовски најави кривични за претпоставените кои ги заплашуваат вработените
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2016 15:35
Дополнителниот заменик министер за јавна администрација и информатичко општество Александар Кирацовски најави пријави до трудовата и управната инспекција, како и до полицијата откако до него стигнале пријави од вработени во јавниот сектор за политичките влијанија, заплашувањата и притисоците што претпоставените им ги прават на вработените пред избори.
Тој ја информираше јавноста за резултатите кои досега ги дала акцијата „Пријави притисок за фер избори“ која што ја почнав за заштита на администрацијата од предизборни злоупотреби.
„На отворената Веб страница до мене пристигнаа пријави од вработени со сериозни информации за политички влијанија, притисоци, заплашувања. Главно се правени од нивни претпоставени, како што е познато, поставени од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Кирацовски.
Тој додава дека дека никој нема право да го нарушува мирот на вработените во администрацијата и нивното право професионално да си ги извршуваат работните обврски во интерес на граѓаните.
„Се реализираат повеќе директни средби со одговорните лица во повеќе институции на кои што укажувам на нивните обврски, да овозможат професионални услови за работа. Има институции кои не одговорија на моето барање за средба со раководителите. За некои од нив имам индиции дека ги злоупотребуваат своите функции за политички цели. Таму планирам да појдам лично, со претходна најава и да укажам на сомнежите што ги имам и на последиците доколку веднаш не престане таквото однесување“, информира Кирацовски.
Најави дека до сите други институции по пошта ќе испрати писма.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




