18 Мај, 2024
0.0296

Кире Барбареев: Училиштата не се подготвени за онлајн настава

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Кире Барбареев, професорот за образовни науки, во вестите на Сител вели дека образовниот систем не е подготвен за целосна онлајн настава доколку истата започне од 1 септември во новата учебна година.

Според професорот од универзитетот „Гоце Делчев“ образовниот систем воопшто не бил подготвуван преку летото на новонастанатата ситуација.

„Уште во април предупредивме дека се потребни законски измени.  Училиштата не се подготвени ниту техниолошко-информатички, ниту ги има потребните инвестиции, ниту со обука на наставници“, рече Барбареев во вестите на Сител.

Според професорот, онлајн наставата може да биде само обид, но таа е далеку од вистинскиот концепт по кој треба да се одвива.

„Не, далеку сме од онлајн концептот. Тоа е друга филозофија, која бара други услови. За 10-15 години ние воопшто не сме се подготвувале и нема да има никаков напредок во однос на тоа како заврши минатата учебна година“, додаде тој.

Според него, постојат модели кои покрај онлајн учењето дозволуваат еден или два дена во неделата да има настава во училница во строго контролирани мали групи со наставникот, или на неколку предмети да му се дадат приоритет во едно полугодие, а потоа останатите да доминираат во другото.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?