Китанов побара Владата да го превземе долгот кон кинеската банка за автопатите
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2019
Директорот на „Државни патишта“, Зоран Китанов побара од Владата и Министерството за финансии да го преземат долгот од кинеското кредитрање на Ексим банка на автопатите кои во моментов се градат низ Македонија, бидејќи јавното претпријатие ќе нема можност наскоро да го прави тоа од сопствени приходи, објави Алсат.
Китанов додаде дека му се потребни и пари задополнителни реконструкција и изградба на патишта. Директорот веи дека кредитирањето од КИна, вредно околу 600 милиони американски долари, ќе го влоши работењето на компанијата и не ќе може да отпочне нови проекти. Китанов рече дека го поднел овој предлог до премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Тоа ќе биде најдобро решение, така што дел од кинескиот заем да го преземе Владата или Министерството за финансии, за да можеме да работиме растоварени, на пример, на патот Прилеп - Битола кој ќе изнесува 50 милиони евра", изјави Китанов.
Од следната година ќе започне отплата на кинескиот кредит, а потоа Јавното претпријатие за државни патишта нема да биде во толку добра финансиска форма.
„Ако сакате, можете да го сокриете тоа од јавноста, но кога ќе дојде ЕБОР или Светска банка, ќе треба да се каже пред нив кој ќе биде носител на долгот. Тие ќе ги видат нашите ресурси и ќе ни кажат дека нема да можеме повеќе да позајмуваме“, смета Китанов.