19 Мај, 2024
0.0289

ЌЕ БИДЕ ЛИ СЕГА БРЗ И ЕФИКАСЕН УСТАВНИОТ СУД - иницијатива за преиспитување на уште една владина уредба

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Откако одлучи да ја преиспита владината Уредба за намалување на платите на функционерите и со тоа нивните плати куртулија, односно во април и во мај нема да се сведат на минималец од 14.500 денари, Уставниот суд ќе треба да посвети внимание на уште една иницијатива, а таа се однесува на преиспитување на владината Уредба за забрана за исплата на паушалите и надоместоците на членовите на управни и надзорни одбори.

Таа уредба се нашла пред уставните судии кон крајот на работната недела што измина, па сега е многу интересно да се види како ќе постапи Уставниот суд, односно дали и за оваа Уредба ќе покрене постапка за преоценување на уставноста, како што тоа експресно го стори со Уредбата за платите на функционерите и на судиите. 

Инаку, со Уредбата за ограничување на паушалите и надоместоците, се ограничува правото на исплата на парични паушали и парични надоместоци на претседателите и членовите на одбори на директори, претседатели и членови на управните и надзорните одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба. 

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој всушност ја поднел оваа иницијатива, за порталот МКД.МК изјавил дека смета дека со ова законите во Македонија селективно се применуваат.

Ова значи дека во целост се ограничува правото на исплата на парични паушали и парични надоместоци во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, детската, социјалната, здравствената заштита, како и други дејности од јавен интерес за време на траењето на вонредната состојба. А во оваа Уредба се предвидува дека вонредната состојба ќе трае до декември 2020 година.

Нелогично е одредбата да има во еден член рок на важност додека трае вонредната состојба, а во друг член до декември 2020 година? Што во случај вонредната состојба да не трае заклучно со декември 2020 година? Која е логиката именуваните лица бесплатно да извршуваат советодавна и одлучувачка функција во наведените институции, за која носат висока одговорност, кога уствните судии решија платите на именуваните функкционери непречено да се исплаќаат во текот на вонреднаата состојба. На тој начин се повредени основните слободи и права на човекот и граѓанинот наведени во член 9 од Уставот според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Ова значи дека примената на Уредбата 1388 е незаконска и неуставна“, изјавил Шехтански.

Тој во иницијативата до Уставниот суд предлага да се поведе постапка за уставноста и законитоста на Уредбата и примената на истата итно да запре.

Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри