20 Мај, 2024
0.0298

ЌЕ ГИ „РАСКИНЕ“ ЛИ САЛМОНЕЛАТА ДОГОВОРИТЕ СО „ВАНИЛА ФУД“: Родителите револтирани од присуството на опасната бактерија во школите

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Кујните во неколку основни училишта на подрачјето на Општина Карпош остануваат затворени откако се потврдени неколку случаи на заболувања кај децата со бактеријата салмонела.

Во текот на вчерашниот ден, училиштата „Владо Тасевски“, каде што има пет заболени ученици,  „Јан Амос Коменски“, од каде што еден ученик е со потврдена салмонела и „Војдан Чернодрински“, каде има тројца ученици кај кои е констатирана бактеријата, беа под вонреден надзор од неколку институции. Увид направија Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна.

Родителитена учениците од ОУ „Владо Тасевски“ добија и известување од управата, односно од директорката, во кое ги информира за настанатата состојба:

-Почитувани родители, Ве известувам дека денеска во нашето училиште дојдоа Инспектори од ДСЗИ, ЦЈЗ, АХВ и ИЈЗ да направат увид. Сеуште не е утврден изворот на салмонелата. Превентивно е затворена кујната, а официјален резултат ќе ни дадат во понеделник.

Привремено се затворени кујните и во „Јан Амос Коменски“ и во „Војдан Чернодрински“, како и во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ каде што засега нема ниту еден пријавен случај, но таму е магацинот на фирмата што ја доставува храната, информира Општина Карпош, и која според известувањето од општината сами побарале вонреден надзор. 

-Почитувани родители, Ве известувам дека денеска во нашето училиште дојдоа Инспектори од ДСЗИ, ЦЈЗ, АХВ и ИЈЗ да направат увид. Сеуште не е утврден изворот на салмонелата. Превентивно е затворена кујната, а официјален резултат ќе ни дадат во понеделник, се вели во дописот.

Истовремено, не стивнуваат реакциите од родителите кои најавуваат дека ќе бараат раскинување на договорите со компанијата која доставува храна. Посочуваат и дека скоро секое од училиштата си има сопствена кујна и дека најдобро е таму да се готви, но најверојатно, како што нагласуваат во изјава за Фактор, проблем е во вработувања на кувари, готвачи, воопшто персонал за во кујна.

-Како родител сум навистина загрижена за ситуацијата и сметам дека што побрзо треба да се најде причинителот на заразата. Наедно, загрижува што реакциите стасаа доцна, затоа што првите симптоми кај дете од училиштето од подолните одделенија се манифестирани уште во петокот, а детето со тешка клиничка слика е примено во болница. Иако се чекаат резултати од анализите неколку дена, можеби не требаше да помине толку време за превентивно преземање мерки. Имаме информации дека денеска кујната е затворена, но тоа е предлог период во кој децата јаделе и земале ужинки. Инаку има доста деца со дијареа во училиштето ама засега потврдени случаи се само неколку. Некои од родителите најавуваат дека сакаат да ги раскинат договорите со Ванила фуд, вели мајка чии деца учат во едно од овие училишта.

-Моето дете се пожали на стомачни болки и главоболка уште пред десеттина дена и тоа траеше неколку дена, но не се посомневаме на нешто сериозно и лесно поминавме, но неговиот имунитет е навистина појак. Кај оние деца кои се со послаб имунитет, салмонелата направила вистински проблем. Мислам дека среќна околност е и тоа што веќе од 01. 11. ја откажавме претплатата за исхрана, бидејќи и воопшто не му се допаѓа, а и ние не сме задоволни со тоа што им го носат. Навистина би била пресреќна доколку прекине договорот со фирмата која носи храна и доколку самите училишта повторно почнат во сопствените кујни да готват за учениците. Претпоставуваме дека оваа практика престана бидејќи буџетите на училиштата се ограничени и дека не вработуваат персонал за во кујните, па многу поисплатливо им е да ангажираат фирма која ќе го прави ова. 

Освен тоа, ние плаќаме половина од сумата за исхрана, а за другата половина е задолжена самата општина. Во секој случај тоа се многу помалку пари, отколку да се вработи готвач, вели татко на ученик во едно од училиштата каде што има случаи на салмонела.

Салмонела е бактерија која е карактеристична посебно во летниот период, не не се исклучува нејзино присуство ниту сега, особено што крајот на окотмви и почетокот на ноемви имаше вистински лентни денови. Оваа бактерија ја предизвикува болеста салмонелоза, а се пренесува со јадење на недоволно термички обработена храна, неадекватно пакувана храна, односно прехрамбени продукти кои се изложени на висока темперетура. Иницијалните симптоми, како што велат микробиолозите, се појавуваат во период од 6 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна. Најчести симптоми се стомачни грчеви, гадење, повраќање и дијареа, понекогаш и висока температура. Болеста трае од 4 до 7 дена, а понекогаш и подолго.

Анита Буховски

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража