„ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ПЕНЗИИТЕ ЗА ПЕТ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ“: Мицкоски откако стана премиер со амбициозни ветувања, еве некои од нив
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024
Низ вековите наназад, граѓаните на оваа земја неуморно и макотрпно работеа. Во најтешките времиња секогаш беа со својата татковина, жртвувајќи се себе си, објави Христијан Мицкоски на фејсбук, откако стана премиер.
Денес е време татковината да возврати.
Време е Македонија да работи и да создава за нашите граѓани!
За секој од вас!
За тебе!
За неколку часа започнуваат првите 100 дена од работењето на оваа Влада.
Ветуваме дека макотрпно ќе работиме, дека ќе се грижиме, дека Македонија ќе се менува, дека ќе се движи напред, дека ќе ве почитуваме и дека ќе бидеме одговорни.
- Ќе ги намалиме даноците;
- Ќе ги зголемиме пензиите за 5000 денари;
- Ќе отпочнеме проект со над 200 милиони евра за општински проекти;
- 1 милијарда евра за македонската економија;
- Нови странски инвестиции за нови вработувања;
- Бесплатни учебници за сите;
- Фронт против корупцијата;
- Борба за раст до 5 проценти на македонската економија;
- Почеток на капитални инфраструктурни проекти и многу други работи.
За тебе!
За Македонија!
Ова ќе биде Влада за народот!
Доаѓа новата генерација!
Да ја направиме горда Македонија!“, напиша тој на фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.