14 Мај, 2024
0.0250

Ќе има ли корекција на границата меѓу Косово и Србија?

Објавено во: Балкан 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Косовскиот претседател,  Хашим Тачи попладнево ги повтори своите заложби за „корекција на границата со Србија“. 

Вели дека неговиот предлог не е за размена на територии, туку за припојување на Прешевската Долина кон Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ни половина час по изјавата на премиерот Рамуш Харадинај, дека единствен начин да се променат границите е со војна, Тачи, преку објава на Фејсбук, порача дека неговиот предлог е мировен и дека, со оглед на противењата на кои наидува, единствено што преостанува е за тоа да се праша народот на референдум.

Коекцијата на границата, според него, е во полза на Косово, а токму „противниците на овој предлог заговараат поделба и размена на територии“.

„Во една ваква ситуација, навистина не останува друг пат освен ставањето во сила на правото на одлучување на граѓаните на Република Косово, тие да одлучат кој е во право и која опција е во интерес на Косово. Затоа, неопходно е да им се овозможи на нашите граѓани правото на референдум, на што работам за да стане реалност“- рече Тачи.

На секојдневните инсистирања на Тачи дека треба да се направи корекција на границите со Србија се спротивставија сите релевантни политички субјекти на Албанците во Косово, а меѓу нив и Кадри Весели, претседател на Собранието и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), партија која Тачи ја водеше до изборот за претседател на државата.

Претходно денеска, косовскиот премиер Харадинај порача дека границите може да се променат единствено со војна. – Границите се воспоставени со војна и само со војна можат да се променат. Греши тој што мисли дека можат да се поместат поинаку, изјави Харадинај во денешното обраќање пред новинарите по седницата на Владата.

Според Харадинај, границите се поставени со последната војна од 1999 година од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и НАТО, а „со заслуги и на тие кои за тоа придонесоа порано“.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ  денеска се обиде да објасни дека конечно мора да се реши проблемот со Косово, бидејќи, како што рече и на Србите и на Албанците им е неопходен мирот. Но, никакво тајно решение за Косово нема да има и граѓаните целосно ќе бидат информирани за последиците од постигнувањето или непостигнувањето на договорот. 

„Одговорноста ќе мора да ја покажат сите граѓани на Србија. Како и да ја покажат. А јас нема да бегам од сопствената одговорност и јасно е дека ако мислам доколку нешто е од клучно значење за иднината на Србија, опстанокот, постоењето и напредокот, и ако не добијам поддршка од граѓаните, ќе ја платам политичката цена и консеквенци. Но, народот ќе биде тој кој ќе донесе одлука ако дојдеме до какво-такво решение“- рече Вучиќ. 

Тој објасни дека  решението е потребно за Србија да почне економски да просперира, да се подобрат животните услови поради кои признава младите си заминуваат од земјата или воопшто и не сакаат да се вратат. Објасни дека ако сега не се среди овој проблем, Србите ќе продолжат да, како што кажа, кукаат по кафаните уште сто години дека се вечни жртви.  Вучиќ предупреди и на премолчена согласност од ЕУ, со што Приштина не го исполни делот од Бриселскиот договор и не ги формираа заедниците на српски општини на северот од Косово.

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни