27 Април, 2024
0.0305

Ќе има ли новото СЈО двотретинско мнозинство: Законот од вторник во Собрание

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе обезбеди ли владиниот предлог за ново СЈО, двотретинско мнозинство во Парламентот. Законот со кој практично Специјалното јавно обвинителство се спојува со Основното јавно обвинителство го образложи самиот премиер Зоран Заев и рече дека очекува да ги обезбеди потребните пратеници кои ќе „кренат рака“ за предлогот. Се очекува тој во вторник од Влада да биде пратен во Собранието и да почне собраниската процедура за негово усвојување. 

ВМРО-ДПМНЕ според досегашните ставови има проблем само на чело на ова обвинителство за кое сега се предлага да се вика Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да застане обвинителката Вилма Рускоска. ДУИ не кажа јасен став, а тој се очекува веќе од денеска. 

„Овој закон е предложен од Зоран Заев, знаеме дека Зоран Заев е моментално најкриминалното суштество кое што е обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриени намери кои што веќе добро ни се познати на сите односно да се заштити самиот. Во текот на наредните денови ќе излеземе со конечен став во однос на законот“, изјави Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ сепак велат дека криминалот не познава партиски бои и затоа новиот предложен текст на Законот за Јавно обвинителство е уште една потврда за тоа. 

Новото обвинителство ќе има надлежност на цела територија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“