18 Мај, 2024
0.0263

Ќе има ли одговорни за ширењето на бактеријата листерија?

Објавено во: Економија 28 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера потврди дека опасната бактерија листерија била пронајдена во две мостри на колбаси произведени од домашни месни индустрии. Од вкупно анализирани 200 мостри, присуството на бактеријата досега е потврдено кај овие две, иако засега не може да се потврди дали тие ја предизвикале листериозата кај осум граѓани, од кои четворица починаа. Имињата на двете компании кои пуштиле во промет производи со опасната бактерија засега не се откриваат. Министерството за здравство најави и кривична пријава против непознат сторител за овој случај. Сега следува генетска типизација на мострите, која треба да биде готова до среда попладне на Факултетот за ветеринарна медицина, а дури потоа ќе се знае дали листериозата кај заболените лица била предизвикана токму од колбасите. Инаку колбасите како производ не се опфатени со правилникот за контрола на готови производи за консумација, затоа што тие подлежат на термичка обработка со која се смета дека бактеријата би се уништила доколку ја има. Последниот случај на листериоза беше потврден за вчера кај лице од Тетово, кое конзумирало печено месо, а не сувомени производи, како и млеко од домашно производство од животни кои ги чувал и од кое правел сирење од непастеризирано млеко.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа