Добивај вести на Viber
Со последните законски измени предложени во Собранието, од владејачката партија во ВМРО-ДПМНЕ бараа казни поголемо обезбедување на Парламетнотот, нов датум за гласање на годишниот буџет но и казни за пратениците што нема да бидат културни.
„Предлагаме буџетската постапка во парламентот да трае три месеци. Предлог-буџетот да ни биде доставен на три месеци пред истекот на фискалната година. Во постапката за буџетот предлагаме да има план за работа, расправа за општиот и амандманскиот дел, како и точно утврден ден, поточно претпоследниот четврток од декември. Да има посебни седници за буџетот. Секој пратеник да има 20, координаторот на пратеничката група да може да говори 30 минути, а предност во расправата да имаат членовите на работните тела од Комисијата за финансирање и буџет", велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во делот на казните за некултурни пратеници пак предлагачот вели дека за оние што се однесуваат несоодветно, навредуваат или омаловажуваат колега прво ќе има две опомени пред исклучување од седница, по што пратеникот ќе биде отстранет од салата од еден до пет дена, но и парично ќе се казни од пет проценти за секој казнен ден.
Од СДСМ не ги поддржуваат ваквите барања и сметаат дека ова е спротивно на договорот по заклучоците за настаните од 24 декември.
„Тие вчера изненадувачки го променија своето мислење што е прилично несериозно и неодговорно за работа на работна група во која сите одлуки се носат со консензус. СДСМ смета дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кријат политички маневар за потенцијално блокирање на работата на работната група и непостигнување на консензуален договор", велат од СДСМ.