17 Мај, 2024
0.0326

ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ОД ТРОЈЦА КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ: Кој влегува во трката?

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Три или повеќе кандидати ќе се кандидираат на изборот за претседател на СДСМ, дознава Фактор од упатени извори во партијата. Актуелниот претседател Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка на централниот и извршниот одбор, по што може да почне и процесот за избор на нов лидер. Нашите извори коментираат дека има повеќе членови кои планираат да поднесат кандидатура, но не сакаа да откриваат имиња. Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас. Откако вечерва Заев ќе ја поднесе оставката треба да се распишат вонредни избори, најкасно во рок од 15 дена од денот на престанок на функцијата. Секако има опција органите да не му ја прифатат оставката, но според нашите информации тоа е помалку очекувано сценарио. 

Инаку од досега можните имиња за иден претседател на СДСМ се споменуваше само Димитар Ковачевски, актуелниот заменик министер за финансии. Тој го придружуваше Заев на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши минатиот петок, а тој потег се толкуваше како промоција на Ковачевски во иден лидер на партијата. Сепак Заев не конкретизираше.

„Јас уште еднаш ќе ви потврдам дека Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, претседател на комисијата за финансирање, член на штабови, член на претседателства од 2000 година наваму, докажан кадар на СДСМ и комплетно подготвен да ми помогне за ова денеска што разговараме. Во иднина за сите тие имиња кои излегоа во медиумите, вклучително и името на Димитар Ковачевски, престои процес на избор од страна на членството на СДСМ“, рече тогаш Заев.

Ковачевски во изјава за Фактор утредента рече дека не сака да ги коментира шпекулациите, но дека ќе ги почитува одлуките на органите на партијата.

„Во овој период сите од Владата целосно сме посветени на обезбедување стабилна, извесна и европска иднина на земјата. Јас учествував во разговорите со Алтернатива токму со цел зголемување на мнозинството кое земјата ја носи напред. Во овој момент не сметам дека сум најважен јас, туку пред се иднината на земјата. Така размислува СДСМ, државата и граѓаните пред се. Ги почитувам одлуките на органите на партијата и нема да коментирам можности и веројатности се додека СДСМ не распише внатрепартиски избори. Сите треба да имаме политичка и етичка почит кон претседателот Заев и кон одлучните и храбри чекори, кои заедно, сите граѓани, мораме да ги продолжиме на патот кон нашата подобра иднина“, изјави за Фактор Димитар Ковачевски.

Заев беше избран за претседаел на партијата во мај годинава, а оставката ја најави на изборниот ден во вториот круг, откако стана ајсно дека СДСМ губи од ВМРО-ДПМНЕ во многу општини. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори