Ќе летуваме поевтино во Грција: Се намалуваат цените на хотелите и рестораните

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2020 10:55
Грчката Влада најверојатно ќе го намали Данокот на додадена вредност (ДДВ) во угостителските услуги и во хотелското сместување, објавуваат грчките медиуми пред прес конференцијата која е закажана за денеска попладне. Намалувањето на ДДВ значи и поевтинување на овие услуги и на сместувањето во хотели, податок кој е важен за многу граѓани на Македонија кои сепак сакаат летниот одмор да го поминат во соседна Грција. Инаку на прес конференцијата ќе се обрати премиерот Кирјакос Мицотакис, кој ќе ги објасни во детали сите планови за престојната турстичка сезона.
Грција подготви посебен план за развој на туризмот во услови на пандемија со Ковид-19. Во него се содржани сите протоколи и за влез во земјата, факти кои интересираат многу граѓани во земјава. Според наши информации границата со Грција ќе биде отворена веќе од 1 јуни или најдоцна до 15 јуни.
„Катимерини“ вчера објави дека за туристите нема да биде потребен ниту тест.
Можеби ќе ве интересира
ЈАНЕВ: Парите кои требаше да завршат кај вистински загрозените категории на граѓани, завршувале кај измамници

МИЦКОСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

ПО ОБЈАВЕНОТО ВИДЕО СНИМЕНО НА „БУТЕЛСКА“: Казнет е возачот кој се движеше по велосипедска патека

ОДДАЛА СЛУЖБЕНА ТАЈНА: Претседателката на ДКСК дала податоци на вмешан во случајот „Адитив“

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост
