МИЦКОСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат
Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 22:13
Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат, изјави денеска во Собранието, премиерот Христијан Мицкоски.
Откако опозицијата обвини дека се води селективна правда за истрагата во Кочани и не се апсат актуелни фукционери, премиерот рече дека обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата, и дека обвинителството кажува кој ќе биде опфатен со неа.
„Истрагата за Кочани ја води јавниот обвинител, не јас, не владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат. Седум години не затворавте, не приведувавте и до ден денеска ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители од времето кога СДСМ ги бираше. Издржавме и затвор е за мажи, а во нашиот случај и за жени. 68 лица досега се опфатени во истрагата од страна на јавниот обвинител, обвинителството и сите кои се задолжени за ова. За разлика од модуларната болница, Ласкарци, Беса Транс каде починаа 75 наши сограѓани имаше нула. Овде има 68 лица, дали ќе бидат 168 ќе каже обвинителството, не јас, не министерот за внатрешни работи, туку обвинителството заедно со судот одредуваат“, вели Мицкоски.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани минатиот месец загинаа 59 луѓе, а потоа починаа и повредени лица, со што билансот е 62 жртви. Имаше и околу 200 повредени.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




