18 Мај, 2024
0.0311

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Имале три куќи, а земале социјална помош

Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Државјани на БиХ земале социјална помош во странство, иако поседувале имот во родната земја.  

Двојка од БиХ е прогласена за виновна од Суд во Луцерн, затоа што од 2008 до 2013 година, од швајцарските органи повлекла 140.000 франци социјална помош, а притоа не пријавила дека во претходниот период во БиХ купила три куќи.

Швајцарски медиуми информираат дека двојката е осудена поради измама, затоа што купувањето куќи не го пријавила на надлежните социјални служби, а морале задолжително тоа да го сторат.

Судот утврдил дека барем една од трите куќи во реалноста гласела на нивно име, поради што се казнети 14.400 франци и осудени на две години условна казна. Брачната двојка не поднела жалба на пресудата до Кантонскиот суд.

Измамата е откриена случајно кога социјална работничка отишла во посета на семејството во местото на престој во градот Емен во близина на Луцерн.

Двојката не била дома, но вратата на социјалната работничка ја отворил нивниот син. Тој кажал дека неговите родители се во нивната куќа во БиХ и дека за една недела или две ќе се вратат. Потоа и покажал фотографии од родителите во БиХ, пишуваат швајцарски медиуми.

Кога исказот на синот бил прикажан на суд, родителите се бранеле дека момчето не знаело што зборува поради ментална болест. Сопругот и сопругата упорно негирале дека поседуваат имот во БиХ, но на крајот, притиснати со докази, признале дека купиле три куќи од 2003 до 2006 година.

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел