Ќе останеме без чоколада?
Објавено во: Стил 20 Ноември, 2014 21:00
Светот до 2020 година би можел да остане без омилениот слаткиш, бидејќи се поголем број жители на планетата јадат толку чоколада што фармерите нема да можат да ги одгледаат потребните количини какао.
Цените на какаото пораснале за 25 одсто минатата година, дел од економски а дел од климатски причини.
Делимичен кривец е и Азија каде побарувачката се зголемила за седум пати побрзо отколку во Европа.
Затоа Бразилците некогаш најголемиот одгледувач на какао сега станаа увозници. Со тоа се смета и на можноста дека еболата би можела да се прошири и во афричките земји кои се познати произведувачи на какао. Многу произведувачи на чоколада се свртуваат кон новите пазари како Колумбија или Тринидад, но ако се смали потрошувачката на чоколадата, велат упатени, би можела да стане вистински луксуз како кавијар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





