29 Април, 2024
0.0249

ЌЕ ПОПУШТИ ЛИ ВМРО ДПМНЕ ИЛИ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ПОЛИТИЧКА КРИЗА: Ситно се брои за Законот за ЈО

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Се ближи рокот за изгласување на законот за јавно обвинителство кој заглави меѓу партиските натегања.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ последно бараше шест експерти да го состават предлог-законското решение за Јавното обвинителство.

Две професорски имиња се Гордана Силјановска Давкова и Татјана Каракамишева, а другите кои ги предложи Христијан Мицковски се Владо Камбовски, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев и Гордана Лажетиќ.

Опонентот на Заев бара текстот да биде напишан токму од тие експерти а не од политичарите.

Од друга страна, лидерот на владечката СДСМ вели дека нема распуштање на Собранието додека не се донесат реформските закони меѓу кои и тој за Јавното обвинителство.

- Законот за мене е многу важно да се гласа во Парламентот, а тој може да се донесе и да не се донесе - друга опција нема. Ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира на било кој начин неговото донесување, односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти се додека не заврши процесот на изјаснување за Законот за јавно обвинителство, како и протоколот за НАТО, или Законот за одбраната, или сличните закони, рече Заев .

За Талат Џафери нема време за плус 15 дена

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека не е можно да се обезбедат дополнителни 15 дена пред распуштањето на законодавниот дом и истовремено да не се промени датумот за предвремените праламентарни избори како што најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Вицепремиерот Бујар Османи пак во утринското интервју за МИА вели дека потребата за донесување е повеќе останата во перцепцијата на некои земји членки како важен критериум за донесување одлука за започнување на преговорите и покрај тоа што велам дека суштинските прашања на законот се веќе третирани на поинаков начин. 

„Предметите се преземени, архивата, вработените. Меѓутоа, заради тоа што и перцепцијата е важна во политиката, затоа правиме напори да најдеме консензус и да го донесеме законот. Консензусот е важен и заради тоа што би испратиле порака дека кога се однесува за борбата против корупцијата сите политички партии сме „за“. Веројатно има и обиди и да се обезбедат 80 пратеници надвор од партиските ставови, односно да се види ставот на пратениците, така што има уште три дена да се направи тој обид да се види дали има 80 пратеници да се обезбедат за законот за јавно обвинителство“, вели Османи. 

Овие три дена ќе бидат клучни за донесувањето на Законот, во спротивно е можно земјава да влезе во нова политичка криза. Што ќе се случува останува да видиме до вторник .

Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја