Ќе пројдат ли новите даночни реформи: Мисија на ММФ од утре во Скопје
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2018
Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од утре до 16 ноември е во Македонија. Ќе се прегледува домашната економија, макроеконмските движења, перспективите, но и економските политики на власта. Мисијата ја предводи Џесмин Рахман.
„Мисија на ММФ, предводена од Џесмин Рахман, ќе го посети Скопје во период од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија, согласно Член 4 од Членовите на договор на ММФ. Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци, изјави Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија.
Мисијата е редовна но доаѓа во време кога Владата почнува нова даночна реформа.