19 Мај, 2024
0.0292

Ќе пропадне ли барањето за екстрадиција на Шеваљ Муареми? Емиратите го пуштиле наркобосот

Објавено во: Македонија 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Најпознатиот наркобос од Македонија, Шеваљ Муареми од Грчец, вчера бил пуштен на слобода откако неколку часа ги поминал во полициска станица во Дубаи, објави ТВ21. Тој бил уапсен во емиратот истиот ден.

За лидерот на кланот од Грчец на 19 март министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за негова екстрадиција, откако претходно беше распишана и меѓународна потерница.

Според извори на телевизијата, Шеваљ е пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан, па го пуштиле на слобода. Инаку биле доставени докази против него од апликацијата Sky, кои пак полицијата во Дубаи не ги признавала за релевантни.

Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

По Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела, МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на Министерството.

Во јануари, годинава, беа поднесени кривични пријави против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми (46) од село Грчец.



Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места