Добивај вести на Viber
Јавен оглас за компании што ќе поставуваат апарати за пијалаци и храна на патарините низ земјава распиша денеска Јавното претпријатие за државни патишта.
Меѓу условите што се пропишани во огласот, компанијата-понудувач треба да обезбеди и канти за отпадоци, како и да ја одржува хигиената во тоалетите на патарините.
Од компанијата што преку автомати ќе продава кафиња и храна на патарините се бара и да го уреди просторот хортикултурно, да постави клупи, чадори и други елементи за декоративно уредување на просторот.
Огласот трае пет дена, а договорот на избраната компанија со Јавното претпријатие ќе трае три години, со можност за продолжување на уште три години.