15 Декември, 2025
0.3471

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2025 08:40

Добивај вести на Viber

Група пратеници бараат одлагање на примената на Законот за административни службеници донесен во јули 2025 година. Дел од одредбите од овој закон требаше да почнат да се применуваат од почетокот на следната година, а друг дел од 1 јануари 2027 година. Условите и класификација на работните места на административните службеници и Плати, надоместоци и додатоци на административните службеници трабаше да се применуваат од 1 јануари 2026 година, но се бара одложување.

-  Анализите укажуваат дека во јавниот сектор сѐ уште не се преземени сите подготвителни дејствија, како одредбите од Главата III за условите и класификацијата на работните места на административни службеници и Глава XII за платите, надоместоците и додатоците на административните службеници да започнат да се применуваат од 1 јануари 2026 година. Оттука, со овие предложени измени се предвидува одложување на овие глави, така што и тие ќе започнат со примена од 1 јануари 2027 година. Исклучок се само неколку одредби од Главата XII за платите, надоместоците и додатоците на административните службеници и тоа членовите кои се однесуваат на надоместоци и додатоци, кои е важно да започнат со примена од 1 февруари 2026 година бидејќи се важни за задржувањето на високо професионални административни службеници, што е дел од Реформската агенда на Северна Македонија 2024-2027 година – се појаснува во законот доставен во собранието.

Предлагачи на оваа измена се група пратеници, или поточно Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Ваљбона Адили-Емини, Весна Бендевска, Даниел Стојчевски, Дафина Стојаноска, Калтрина Беќири, Љупчо Пренџов, Миле Цеков, Мимоза Муса, Павле Арсоски, Саранда Имери-Стафаи.

Тие појасниле дека целта на одлагањето е да се обезбеди дополнителен период во кој јавниот сектор ќе се подготви за успешна примена на Законот за административни службеници од јули 2025 година.

-  Следејќи ги доказите и анализите, утврдуваме дека не постојат реални капацитети соодветните одредби од Глава III и Глава XII од Законот за административни службеници да се спроведуваат успешно почнувајќи од 2026 година. Оттука, се предлага нивно дополнително одложување (со исклучок на неколку одредби за додатоци и надоместоци). Следствено, се предлага одложување на рокот за донесување на подзаконските акти бидејќи се потребни подготвителни активности за целосна операционализација на Законот и номотехничко доуредување – се прецизира во законското решение доставено во Собранието.

Пратениците укажуваат дека овој Закон создава финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија преку додатоците на плата за задржување на административните службеници, кои секоја институцијата ќе може да ги обезбеди во рамките на своите буџети. Сепак, додаваат дека тоа не се дополнителни финансии. Се предлага овој закон да се донесе по скратена постапка, бидејќи не е во прашање сложен и обемен закон.

Пратениците посочуваат дека со Предлогот на Закон ќе се овозможи јавниот сектор соодветно да се подготви за примена на Законот за административни службеници, односно ќе се избегне ризик одредбите за услови и класификација на звања, како и одредбите за плати, да треба да започнат да се применат, а институциите да не се подготвени за тоа на почетокот на 2026 година.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите