ЌЕ СЕ ПОПИШМАНИ ЛИ ТРАМП: Кој бара да го укине трговското ембарго кон Куба
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2018
После повеќе од 55 години Обединетите нации усвоија резолуција за укинување на трговското ембарго кон Куба.
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за укинување на американското трговско ембарго за Куба.
Генералното собрание вчера гласаше за ставање крај на американското економско и финансиско ембарго, рече претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Марија Фернанда Еспиноса.
- „Резолуцијата беше изгласана со 189 гласови за, а двајца беа против. Според тоа, резолуцијата беше усвоена“, рече таа.
Ова беше 27-тиот обид на Генералното собрание да стави крај на американското ембарго против Куба, кое беше во сила повеќе од 55 години, потсетува Спутник.
САД првпат воведе ембарго за оружје на Куба во 1958 година, проследено со ограничувања во разни други сектори, вклучувајќи санкции во областа на финансиските трансакции, трговијата и патувањето.
Кубанскиот амбасадор во Русија, Херардо Пенџалвер, порано соопшти дека Куба изгубила повеќе од четири милијарди американски долари во санкциите во САД во текот на изминатите 12 месеци, поради санкциите на САД.