Добивај вести на Viber
Cобранието на доверители прифати Микро теч да добие можност да ја рестартира фабриката „Киро Ќучук“. Одлуката вчера ја донесе собранието на доверители откако државата, преку Управата за јавни приходи, најголемиот доверител, ја прифати иницијативата на Микро теч за реорганизација на туланицата.
Прилепски „Микро теч“ во рок од 45 дена ќе треба да изготви план за рестартирање на велешки „Киро Ќучук“.
Прилепската фирма засега ја нема довербата на Тутунска банка, втор по големина доверител во стечајната постапка. Банката побара да се изјасни откако ќе биде готов планот за реорганизација на велешката фабрика за производство на тули и Микро теч ќе обезбеди квалитетна банкарска гаранција.