25 Ноември, 2024
0.6507

ЌЕ СЕ СТАВИ ЛИ КРАЈ НА КАМАТИТЕ КОИ ГИ ПРЕСМЕТУВААТ ИЗВРШИТЕЛИТЕ? Важно е законот да важи ретроактивно, велат упатените

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

На предлог на пратеници од владејачкото мнозинство во Собрание е доставен предлог закон за измени на Законот за извршување. Согласно најавите на владејачката СДСМ, со измените најпосле треба да се стави крај на „осиромашувањето“ на граѓаните поради стари, а понекогаш и многу мали долгови. Со потпис на 12 пратеници во Собранието е доставен Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување по скратена постапка.

- Постојниот начин на извршување поради неможност за исплатата на каматата на долгот определена во извршната исправа остава простор за нарушување на егзистенцијата на голема група на граѓани кои во постапката на извршување се јавуваат како должници – се појаснува во законското решение доставено во Собранието.

Пратениците и сами посочуваат дека состојба е алармантна и неопходна за регулација и состојба за која интервенираат граѓаните и други институции во државата, кои заради природата на проблемот и неговиот опсег е потребно законски да се регулира во делот на висината на износот на неисплатената казнена камата, која не така ретко го надминува и износот од главниот долг.

- Заради законска заштита на граѓаните како странки, учесници во постапката за извршување кои имаат својство на должници и уредување на оваа област се предлага изменувањето на Законот за извршување. Предложеното законско решение се темели на начелото на заштита на странките, учесниците во постапката и нивните семејства и истите се одраз на потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во постапките на извршување – стои во Законот.

Меѓу другото се појаснува дека со предложената одредба се уредува дека кога во извршната исправа е определена наплата на камата од должникот, таа се пресметува и наплатува до денот на исплатата на средствата на посебната сметка на извршителот, односно до моментот кога неисплатената казнена камата ќе го достигне износот од главниот долг.

Во меѓувреме од СДСМ веќе се огласија на темата, и посочуваат дека со овие законски измени, каматата нема да може да биде поголема од долгот.

- Со измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината. За долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата ќе биде 1.000 денари. Со ова, конечно завршува праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ од она што навистина должеле. Законските измени предивдуваат и скртување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Со ова граѓаните дополнително се заштитуваат од извршени решенија, зголемени со енормни износи за камати – посочуваат од партијата.

Заштитниците на правата на граѓаните бараат законсите измени да важат и ретроактивно бидејќи велат дека нема да имаат ефект законските измени.

- Деталите се уште не сум ги видел, но би истакнал дека ако измените не важат ретроактивно, тогаш џабе се носат. Низ судовите има стотици илјадници отпочнати постапки за кои веќе има процедура. Но, има и такви кои тековно исплаќаат разни отпочнати постапки. Ако сакаме да е од полза за граѓаните законот мора да важи ретроактивно. Во спротивно, нови ситуации нема толку многу, нема многу нови случаи со заостанати долгови. Ако важи ретроактивно оние што исплаќат огромни суми за камати, ќе може да запре таа отплата и да се спасат граѓаните – вели претседателот на Конфедерацијата на Синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.


Тој дополнува дека од големо значење за граѓаните ќе биде и ако повторно се применува Законот за бришење на каматите на јавните претпријатија, кој бил во примена до 2018 година, но кој сега е загалвен во собраниските „лавиринти“.

- Да се продолжи важноста на овој закон за граѓаните да не плаќаат камати за сметките, главнината да си ја платат, секао, но да им се скратат трошоците на оние со мали примања за камати и останати давачки – додава Ристески.

И претставниците од невладините здруженија велат дека измените, како што се ветуваат ќе значат најпосле крај на „дивеењето“ на извршителите, кои знаее и по десетпати повисоки суми да има наплатат на граѓаните кои изумиле или не успеале да платат некој долг.  

- Донесувањето на ваква измена на законот ќе биде од корист на граѓаните кои многу често влегуваат во долгови поради состојбите. Ние предложивме застареноста од правосилната одлука да биде 1 година, но и 5 години, односно намалување за 50 отсто е добро за граѓаните. Сегашното решение од 10 години застареност им даваше можност на извршителите да манипулираат со извршувањето и да го одолговлекуваат, а граѓанинот должник да биде принуден на крајот да плати висока сума за камата која во одредени случаи можеше да биде и 100 пати повисока – вели Марјан Ненов од невладината „Но пасаран“.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти