26 Април, 2024
0.0283

Ангелов: Ќе се утврдува кои здравствени објекти би биле обезбедувани од војниците, но нема да се шетаат луѓе со оружје по улиците

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Главниот штаб за управување со кризи, по тричасовно заседавање, ја изработи првата нацрт верзија на Акцискиот план за превенција кој содржи 17 точки. Акцискиот план е усвоен.

„Граѓаните треба да знаат дека ништо нема драстично да се смени во државата“, рече Стојанче Ангелов, раководител Главниот Штаб за управување со кризната состојба.

„Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член“, дополни тој. 

На состанокот на кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата, за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти, што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.

„Доколку се јави потреба од обезбедување поголем број сили за обезбедување, а МВР ги нема истите, ние можеме да побараме од АРМ, да испратат повеќе луѓе за обезбедување. Но, пртоа тоа нема да бидат луже кои со оружје ќе се шетат по улица. Во земјава нема војна. Се обидуваме да одговориме на ковид кризата со најминимални средства“, рече Ангелов.

„Не можеме да определиме точна бројка, бидејќи треба да ги знаеме здравствените установи. Инаку, и пред неколку недели и месеци имавме успешен одговор на кризата. Минатиот пат беше воведена вонредна состојба, зашто немаше Собрание. Сега нема потреба од вонредна состојба, туку кризна состојба , а алатките што ги има Владата се слични како во вонредна состојба“, објасни Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката