26 Април, 2024
0.0288

Ќе се воздржат ли пратениците од слатките патни трошоци?

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По силниот притисок на јавноста и критиките за привилигерана положба дел од пратениците размислуваат да воведат ограничување на патните трошоци или барем некаква измена на методологијата на пресметка со што ќе се заштедат државни средства во период кога токму власта критува дека мора да се трошат разумно парите на граѓаните.

Засега единствено Тунтев, координаторот на пратеничката група на СДСМ, поднел до собранискиот спикер Талат Џафери предлог за скратување на дел од трошоците за пат на пратениците кои би се намалиле за околу 30%. 

Постојат повеќе идеи како би се решил проблемот со превиските суми за надомест на патни трошоци кои на пратениците дури трикратно им се повисоки од основната плата и сосема е јасно дека нема така лесно да се откажат.

Меѓу идеите се да се изгради собраниска резиденција за пратеници кои таму би живееле во текот на мандатот, да се воспостави единствена транспорт служба за пратениците со однапред утврдени дозволи за гориво, а други критичари пак бараат пратениците да почнат да користат јавен превоз како и сите други нормални граѓани и да се откажат од безмислените привилегии. 

Годинава, според предлог буџетот на Владата на РМ за собраниските патни трошоци и за трошоците за одвоен живот на пратениците се планирани 1,3 милион евра или речиси идентично во однос на годината која изминува. Од опозицијата засега немаат конкретен предлог велејќи дека СДСМ критукуваше за ова прашање и тие треба да најдат сега решение прифатливо за сите. Ниту останатите политички партии кои учествуваат во Собранието не се премногу воодушевени ако треба да се кратат надоместоците.

Годинава зголемена е и ставката на Собранискиот канал за набавка на опрема и машини, од 50.000 на 340 илјади евра.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката