ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНА ВИРУСОТ: Промени во епидемиолошкиот прашалник
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2020
Во
епидемиолошкиот прашалник ќе се направат извесни промени со цел да се зголеми
бројот на тестирањата, а ваквата одлука за Фактор ја потврди директорот на
Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, д-р Ангелчо Андоновски,
кој истовремено е член на Комисијата за заразни болести.
- Здравствените власти во заедничка сосработка со Комисијата за заразни болести, Мој термин, Институтот за јавно здравје и Центарот за одлучија да се поедностави и прошири опфатот на тестираење кај сите лица кои што сметаат дека им е неопходен Ковид тест. Ваквата мерка ќе се донесе, односно алгоритмот ќе претрпи извесни промени за да има поголем број на тестирања и да не се случи да дојде до несакани отфрлања од системот, вели д-р Андоновски за Фактор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.