26 Април, 2024
0.0295

Ќе „заглави“ ли Иванов дури сега поради некогашните аболиции

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Законодавно - правната комисија на вчерашната седница во Собранието заклучи дека нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. Единствена точка на дневниот ред беше барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велков од СДСМ.

Ова следуваше откако Уставниот суд минатата недела одлучи да ја стави на дневен ред иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување. Со ваквата одлука на уставните судии се отвори можноста да се вратат во сила помилувањата кои ги даде поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов, а подоцна ги повлече.

Сега е на потег Собранието на пленарна седница да одлучува. А, ако законодавниот дом реши да ја прифати препораката на Законодавно-правната комисија и го прогласи членот за неважечки, тогаш се поставува прашањето, кое го начна и министерката за правда, Рената Дескоска на својот фејсбук профил, по одлуката на Законодавно правната комисија. А тоа е - дали има можна кривична одговорност за екс претседателот. 

По одлуката на комисијата, министерката за правда Рената Дескоска укажа на еден интересен момент, а тоа е дека екс претседателот постапил незаконски со обидот на помилува.  

Денеска Законодавно-правната комисија го потврди тоа што го тврдевме и во моментот кога ја поднесовме интерпелацијата за Иванов: членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем. Сега е тоа официјален собраниски документ, кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни! А незаконски акти не можат да имаат правно дејство. Дополнително собранискиот документ покажува дека Иванов постапил незаконски со “обидот да помилува”. Барањето за автентично толкување ја постигна целта!“, напиша министерката.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“