07 Декември, 2022
0.0287

ЌЕРКАТА НА БАКИР ИЗЕТБЕГОВИЌ СЕ РАЗВЕДУВА, А СВАДБАТА БЕШЕ ЛАНИ И ЧИНЕШЕ ЦЕЛО БОГАТСТВО: Гостин беше и Ердоган

Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Jасмина Изетбеговиќ, ќерката на претседателот на Партијата за демократска акција од Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, неодамна се разведе од бизнисменот Ќамил Хумачкиќ, сопственик на ИТ компанија во Германија, пишува Klix.ba.

Јасмина и Ќамил се венчаа минатата година во Сараево. Медиумите во БиХ нивната венчавка ја нарекоа „свадба на годината“.

Поранешните сопружници направија шеријатска венчавка во Гази Хусрев-беговата џамија, а потоа граѓанска венчавка и милионска веселба.

Венчавката се одржа во строга приватност, но медиумите за неа пишуваа со денови. Младенците и нивните родители беа целосно засенети од кумот на Јасмин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на церемонијата пристигна со сопругата.

Се славеше во хотелот „Европа“ со 250 гости. Пред да влезат во салата, сите гости морале да ги остават мобилните телефони, додека поканите биле чипирани за да се заштити приватноста и безбедноста на младенците и гостите.

Вниманието на свадбата со неверојатна креација го украде мајката на Јасмин, Себија Изетбеговиќ, која се појави во розов фустан со златен украс од дизајнерката Мари Риналди.

Која е Јасмина?

Јасмина Изетбеговиќ е внука на покојниот претседател на Бих, Алија Изетбеговиќ кој јавноста го знае од 90-тите години и војната во поранешна Југославија. Тој, заедно со Фрањо Туџман и Слободан Милошевиќ е потписник на Дејтонскиот договор во 1995 година со што се стави крај крвопролевањата на Балканот.

Неговата внука е родена во Холандија, а дипломирала на училиште за графички дизајн во Сараево. Потоа го продолжила своето образование во Амстердам. Таа е сопственичка на агенцијата FabCat Creative која има милионски промет.


Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО ЛИ Е УКРАИНЦИТЕ ДА ГИ НАПАДНАЛЕ РУСКИТЕ ВОЗДУШНИ БАЗИ СО ИСТИОТ ДРОН - таков падна и на Загреб, теории се плетат

МОЖНО ЛИ Е УКРАИНЦИТЕ ДА ГИ НАПАДНАЛЕ РУСКИТЕ ВОЗДУШНИ БАЗИ СО ИСТИОТ ДРОН - таков падна и на Загреб, теории се плетат

ХРВАТИТЕ НАВАЛИЈА ВО ДОХА ЗА ДА ГО БОДРАТ СВОЈОТ ТИМ - расте побарувачката и цените на летовите, а се воведуваат и додатни чартери

ХРВАТИТЕ НАВАЛИЈА ВО ДОХА ЗА ДА ГО БОДРАТ СВОЈОТ ТИМ - расте побарувачката и цените на летовите, а се воведуваат и додатни чартери

Косовска новинарка ги бранеше Србите, по што добила закани дека нема долго да живее

Косовска новинарка ги бранеше Србите, по што добила закани дека нема долго да живее

Вучиќ додека чека болнички извештај од Митровица: Добро е што нема жртви

Вучиќ додека чека болнички извештај од Митровица: Добро е што нема жртви

Се појави фотографија од Тито која е направена кога го апселе во 1928 година

Се појави фотографија од Тито која е направена кога го апселе во 1928 година

Ова е преубавата сопругата на Ливаковиќ кој ѝ донесе победа на Хрватска: Дрес, фармерки и популарна чанта за топ навивачко издание

Ова е преубавата сопругата на Ливаковиќ кој ѝ донесе победа на Хрватска: Дрес, фармерки и популарна чанта за топ навивачко издание

(ВИДЕО) Детонации од топовски истрели во Митровица, сирени и во Лепосавиќ

(ВИДЕО) Детонации од топовски истрели во Митровица, сирени и во Лепосавиќ

(ВИДЕО) Маж му удри тупаница на Сали Бериша, по што си доби ќотек

(ВИДЕО) Маж му удри тупаница на Сали Бериша, по што си доби ќотек

Пет детонации одекнаа во Косовска Митровица

Пет детонации одекнаа во Косовска Митровица