18 Мај, 2024
0.0307

ЌОСЕТО ПАК ГИ БРАНУВА ДУХОВИТЕ - Левица велат дека бил левичар и побараа споменикот да се постави во паркот во Горно Лисиче, општина Аеродром прифати

Објавено во: Македонија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Советот на Општина Аеродром ја усвоил Иницијативата на советничката група на Левица за поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром, поточно во паркот во Горно Лисиче, по барање и инсистирање на претседателот на Советот.

До македонското Собрание ќе биде доставена иницијатива споменикот да биде поставен во Горно Лисиче.

Соопштението на Левица е подолу: 

„Андон Лазов Јанев – Ќосето е македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром, бидејќи неговото име ја носи најголемата урбана населба во општината – населбата Јане Сандански.

Во прилог ја објавуваме и оригиналната телеграма од страна на Андон Лазов Јанев до другарот Лазар Колишевски по повод Вториот конгрес на Народниот фронт на Македонија одржан на 23 и 24 мај 1948 со честитки за говорот на Колишевски и со желби за национално обединување на Македонците која гласи:

„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив” – Андон Лазов Јанев.

Тој споменик без разлика која и чија власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува да фаќа прашина во некое депо на Градот Скопје и да биде камен на сопнување и играње пинг понг помеѓу институциите за дневно политички поени.

Согласно ирационалните стравови од страна на СДС, бидејќи споменикот беше пред Судската палата сметавме дека поставувањето на споменикот на територијата на Општина Аеродром нема да ги разбуди повторно нивните ирационални стравови, но се излажавме. Најверојатно нивната совест за сите предавства за овие седум години власт длабоко ги копка и ќе продолжи да ги копка сѐ до нивната пасокизација и неминовно одговарање пред органите на прогон за велепредавствата и за криминал.

Ликот и делото на Андон Лазов Јанев како прв другар на Гоце Делчев и Јане Сандански припаѓа на левото крило на организацијата, кое крило потоа преминувајќи во партизаните од НОБ и го остварила сонот за македонска држава за која се пролеала многу крв и се дале многу млади човечки животи.

Нешто што квази наследниците на комунистите СДС, кои се уствари најлошиот слој од тогашната црвена буржоазија, која како тогаш и ден денес ги предава левичарските идеи и македонските национални интереси за пусти пари и привилегии не можат да го сфатат, бидејќи се водени од омраза на сѐ што е македонско и љубов на сѐ што е страно и туѓо.

Денес истите тие за привилигиите да крадат од народот уживајќи неказнивост и странска заштита од кривичен прогон, станаа и најголемите врховисти тотално потчинети на неофашистичките апетити на денешна Софија и етнотрибалистичките желби на Мала Речица, надминувајќи го и докажаниот фашистички колаборатор Иван Ванчо Михајлов во (не)делата за кои историјата неминовно ќе им суди.

Пропагандата на СДС и нивните лакеји од невладиниот сектор, кои како паразити закачени на народниот буџет, дека Андон Лазов Јанев – Ќосето е некаков си мрачен лик нема никаква врска со реалноста и со историските факти за што тука и се докажува со документи.

И таа гнасна пропаганда инфраструктурно потпомогната од странските сатрапи и платена со народните пари да се плука кон сѐ што означува некаква борба за ослободување на Македонија дали од страна на револуционерите или партизаните како нивно продолжение на борбата за класно и национално ослободување на Македонија мора да се раскринкува на секаков можен начин и од сите можни страни“, се наведува во соопштението.

Иницијативата на советниците на Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и сега треба да се чека на согласност од пратениците за поставувањето на споменикот во паркот во Горно Лисиче.

Иницијативата не ја поддржаа советниците на СДСМ кои рекоа дека Левица и со ова покажува дека е слуга на ВМРО-ДПМНЕ. Левица возврати.

-Вие сакате да го продадете Гоце Делчев на Бугарите. Вие имате ирационален страв, мислите тој споменик ќе оживее, им се обрати советникот на Левица, Горан Костовски, на советниците од СДСМ.

Милутин Ристески од СДСМ рече дека е разочаран што Левица се претставува како левичарска партија.

-Ќосето беше симбол на 11 годишен режим и испраќаше јасна порака со неговото ставање пред палатата на правдата, дека секој што ќе му се спротивстави на режимот на Груевски преку споменикот на Ќосето нека знае што го очекува, рече Ристески.

Советникот од ВМРО-НП пак ги покани советниците подносители на иницијативата на дебата кај Љупчо Георгиевски да им ги објасни историските дилеми.

Иницијативата беше изгласана со 22 гласа „за“ и шест гласа „против“.

Споменикот беше отстранет во 2018 година, а тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, образложи дека тој е дивоградба.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска пред неколку дена испрати барање до Општина Центар за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје.

Општина Центар, пак, експресно го одби барањето со образложение дека нема надлежност во поставување на споменици и ја упати Арсовска да се обрати до Собранието.

Во образложението на Општината се додава дека согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, надлежностите за подигнување споменици се кај Собранието, додека општините можат да подигнуваат спомен-обележја само за личности и настани од локално значење.

Се појавија и контра реакции на иницијативата на Левица. 

Никола Наумовски пишува „Ќосето бил левичар, затоа ќе го враќале“, напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?