Добивај вести на Viber
Изведувач за градежните работи на фасадата бара компанијата МЕПСО. Во стилот на класицизам е предвидено да се изведе новиот изглед на фасадата, а идејното решение и основниот проект се изработени уште пред две години. Се очекува зградата на МЕПСО да добие и лавови. Заинтересираните градежни фирми треба да ги достават понудите до 11. март, а главен критериум при изборор ќе биде најниската цена.