14 Декември, 2025
0.0507

Клаус одбива да се потпише на одредбите на новиот Фонд за помош на еврозоната

Објавено во: Свет 07 Декември, 2012 13:09

Добивај вести на Viber

Чешкиот претседател Вацлав Клаус нема да го потпише дополнувањето на Лисабонската спогодба, кое се однесува на новиот фонд за помош на еврозоната, Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ). - За мене тоа е деформирана, смешна работа и јас немам намера да ја потпишам, изјави Клаус за неделникот „Еуро". Според портпаролот на чешката дипломатија Вот Колар, Чешка со ова не ја блокира работата на Фондот, кој веќе функционира. Чешка е последна земја на ЕУ, која не ја доврши ратификацијата на Лисабонскиот договор и чешкиот Сенат го повика Клаус да го стави својот потпис. - Претседателот на Републиката има одговорност да ја ратификува меѓународната спогодба без непотребни одлагања, откако двата дома на чешкиот Парламент ќе изразат согласност со ратификацијата како што констатираше Уставниот суд, изјави претходно претседателот на комисијата за ЕУ при Сенатот, Мирослав Крејча. Европскиот фонд има обврска под одредени услови да им помага на земјите од еврозоната да ги надминат финансиските проблеми. Тој механизам треба да го замени досегашниот фонд за спас на еврозоната

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала