Добивај вести на Viber
Додека се чека отворањето на четирите понуди за купопродажба на прилепскиот загубар “Еурокомпозит”, Владата, минатата недела, донесе одлука, на вонредно Собрание на акционерите, за нов генерален директор да се назначи Климент Шеќеровски.
Досегашниот, Никола Лучески, е назначен за негов заменик, а пополнето е и едното испразнето место од бордот на директори кој во моментов брои четири од потребните пет члена.
Со промената на раководната структура, во Компанијата се надеваат дека работите ќе мрднат од мртва точка за полесно решавање на идинината на овој загубар, во кој, во моментов, се вработени 306 луѓе.