19 Мај, 2024
0.0297

АКО НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, ЌЕ СИ ИСТЕРААТ МАНДАТ ОД 2,5 ГОДИНИ - Коцевски и Филипоски се новите пратеници во законодавниот дом

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Уште двајца нови пратеници ќе седнат набргу во собраниските клупи. 

Станува збор за Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото на досегашниот пратеник, а нов и сегашен градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков. Пецаков ќе го преземе менаџирањето со општина Охрид, а неговиот сопартиец Зоран Коцевски ќе го преземе неговото пратеничко столче во Собранието. 

Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев веќе и на некој начин го промовираше Коцевски, објавувајќи фотографија со него и потенцирајќи дека тој од денеска е пратеник во Собранието. 

Инаку, како што пишува Ѓорчев, Коцевски бил поранешен генерален секретар на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од каде што овие двајца луѓе почнале да го градат своето пријателство. 

„Еднаш УМС, секогаш УМС. Пријателство што трае веќе 23 години. Зоран Коцевски е екс Генсек на УМС, а од денес е пратеник. Честито“, пишува Ѓорчев. 

„Голема благодарност до народот во Македонија!!! Изгреа сонцето на слободата!!! Да живее Македонија!!!“, напиша Зоран Коцевски на својот фејсбук профил. 

Додека, пак, на местото на Биљал Касами, кој во наредните четири години ќе раководи со Тетово, преземајќи го местото од досегашната градоначалничка Теута Арифи, а кој дојде од шестата изборна единица, ќе дојде Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Драгољуб Филипоски е претседател на СДСМ Гостивар, а како што обвинуваа дел од медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тој без искуство бил вработен во Агенцијата за национална безбедност. 

Драгољуб Филипоски е петти на листата на СДСМ и Беса во Шестата изборна единица, а пред него е пратеникот Фадиљ Зендели, што значи дека токму Филипоски сега треба да добие свое пратеничко место во законодавниот дом.

Фактор, пак, после првиот круг на локалните избори, веќе напиша кои ќе бидат четворицата нови пратеници кои уште тогаш ги освоија градоначалничките функции. 

На местото на Тимчо Муцунски, кој беше во првата изборна единица, доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и тој е идниот пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. На местото на Иван Јорданов, пак, кој дојде од третата изборна единица, ќе дојде полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Ангелова Емилија, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојде на местото на Дарко Костовски од таа партија, кој ја извојува победата уште во првиот круг и ќе биде новиот градоначалник на скопската општина Бутел. И, на местото на Коста Костадинов од СДСМ, кој е идниот градоначалник на Струмица, со извојувана победа уште во првиот круг, и кој е од четвртата изборна единица, доаѓа Драгица Спасова од СДСМ, која била 12-та на листата на таа изборна единица.

 Нина Нинеска-Фиданоска  

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама