КОБНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЧКО: Eден човек загина, а неколку се повредени
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2020
Koбна сообраќајна несреќа вечерва по 19 часот се случи во струмичко, при што едно лице загина.
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, едно лице загина, а неколкумина се повредени.
Очевидци раскажале дека во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид.
Сообраќајот кон Струмица се насочува по стариот пат од Василево до градот.