30 Април, 2024
0.0285

Кочанските титовисти бараат извинување од Захариева

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

​Членовите на граѓанското здружение „Јосип Броз Тито" од Кочани бараат извинување од бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева за нејзините ставови дека поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито бил диктатор и за споредбите со Хитлер.

Велат дека бугарскиот државен врв води негативна кампања против македонскиот народ и останатите етнички заедници во нашата земја, при што јавно изнесуваат лажни тврдења и дезинформации.

„Бугарската министерка ги побркала фактите и ја извртува вистината за да ги оправда лажните тврдења за улогата на Тито во југословенската и македонската историја. Точно е дека на просторите на поранешна Југославја имало 1,7 милиони жртви, но тие загинале како резултат на фашистичката агресија од страна на германските нацисти и нивните поддржувачи, меѓу кои била и Бугарија. Доказ за тоа се и многубројните спомен обележја подигнати во сеќавање на многу недолжни жртви, каков што е примерот со стреланите младинци во кавадаречко Ваташа и на други места. Сѐ уште има живи луѓе кои ги паметат тие ѕверства“, истакна Трајан Трендов, претседател на Здружението „Јосип Броз Тито".

Кочанските титовисти сметаат дека изнесувањето лажни тврдења не оди во прилог на развивањето добрососедски односи и на долг рок нанесува непоправлива штета за соработката на државите на овие простори.

Додаваат дека изјавата на Захариева е навреда за сите граѓани во Македонија, но и за најмалку 22 милиони жители на поранешната заедничка југословенска држава. 

„Ние како народ ќе истраеме во нашите ставови за сопствениот идентитет и државност, за што имаме и целосна меѓународна поддршка“, истакна Ѓорѓи Николов, секретар на Здружението „Јосип Броз Тито".

Членовите на кочанското здружение му порачаа на бугарското државно раководство дека треба да ја цени улогата на Јосип Броз Тито, затоа што пред крајот на Вторатата светска војна тој помогнал, при државниот преврат во Бугарија, да се смени страната што ја поддржувале, и од фашисти да станат социјалисти.

Инаку, изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за Тито е номинирана за наградата „Тиква на годината“. 

Порталот Frog News ја споменува изјавата во која Захариева го спореди Јосип Броз Тито со Хитлер. 

Можеби ќе ве интересира

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција