04 Мај, 2024
0.0353

Кочо Анѓушев го превзеде кормилото на „Феро Инвест“

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Досегашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев од вчера е запишан како нов управител на компанијата „Феро Инвест“ на местото на досегашниот раководител Ратко Ѓорѓиевски.

Анѓушев својата функција на чело на оваа компанија ја стави во мирување додека ја извршуваше владината функција, по што реши да се повлече со истекот на првиот мандат на 3 јануари, а неговата позиција ја превзеде Мила Царовска, дотогашната министерка за труд и социјална политика. Машинскиот професор и претприемач рече дека во моментов поважно му е да го консолидира работењето на своите фирми отколку политиката.

Клучната компанија околу која се вртат бизнисите на Анѓушев е „Феро Инвест“ во која тој е ко-сопственик заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и со Никола Гравчев. „Феро Инвест“ е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“.

„Феро Инвест“ во 2018 година остварил приход од 3,1 милиони евра и профит од 1,3 милиони евра. Оваа компанија е веројатно најголемиот ко-сопственик на мали хидроелектрани во земјава. Таа е ко-сопственик на 8 компании кои управуваат со мали хидроелектрични централи кои лани оствариле вкупен приход од 3,7 милиони евра и имаат кумулативна добивка од 316.000 евра (само една од нив годината ја завршила со загуба од работењето).

Тој исто така се пожали дека дел од неговите компании имаат намалени добивки бидејќи не учествуваат на државни тендери, тој не е присутен за да учествува во креирање и водење на економските политики и дека дел од соработниците избегнуваат нови договори плашејќи се дека е владин функционер. 

„Најпрво да кажам дека некои од компаниите каде што имам удели имаат пад од 50 отсто во профитот. Како прво тие не учествуваат на тендери и не добиваат државна помош, потоа други деловни партнери не сакаат да соработуваат затоа што се плашат бидејќи јас сум владин функционер и на крај, јас отсуствувам и не сум таму за да ги креирам економските политики“, изјави во една прилика Анѓушев. 

За јавноста спорно беше учеството на „Феро Инвест“ во јавна набавка на АД ЕСМ за јавната набавка за транспортни ленти за РЕК Битола во 2017 додека Анѓушев беше член на Владата. „Феро Инвест“ не го доби милионскиот тендер, но нагласи дека ќе учествува во јавни набавки ако тоа е од нејзин интерес, иако е 95-отсто извозно ориентирана.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски