Кое е лицето кое е убиено во Мала Речица?
Објавено во: Македонија 05 Април, 2018 20:50
Едно лице загина, а двајца се повредени.
Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Малата Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик КОХА, а рането било уште едно лице исто така од Куманово.
Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и почнале пресметка со огнено оружје. Весникот пишува дека жртвите биле застрелани на излегување од штабот на ДУИ. Тие се упатиле кон главниот пат каде што настанало и убиството на кое му претходела групна тепачка во која според информациите на весникот се користеле и ножеви.
Ситуацијата ексалирала кога учесниците во инидентот
посегнале по оружјето.
Според Коха засега не се знае точниот број на повредени. Неофицијалните извори на весникот велат
дека судирот бил помеѓу две ривалски политички групи од Куманово.
Директорот на болницата во Тетово, Флорим Бесими, за Portalb.mk потврди дека во денешниот настан во
тетовска Мала Речица, кај седиштето на ДУИ, има тројца ранети.
Се чека официјална потврда од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




