14 Декември, 2025
0.2311

Кое е македонското бизнис чудо? Не произведе речиси ништо, а наплати 8 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Мај, 2022 07:24

Добивај вести на Viber

Финансискиот резултат за 2021 година на македонската термоцентрала која троши мазут ТЕЦ Неготино може да се опише најсликовите преку синтагмата „враќање на отпишаните„! Зошто? Затоа што за цела година само еднаш се загреа и тоа на средината на декември, кога од немајкаде во крајна нужда Владата даде зелено светло за активирање на оваа „заспана убавица“. И види чудо, постројката која работи за да не работи, успеа да заврши со добивка од 418.000 евра и тоа на приход од 8 милиони евра

Единствената домашна мазутара која произведува струја, ТЕЦ Неготино, имаше фантастична година. Во време на најкризната енергетска година оваа компанија „без да се загрее“ оствари приход од 8 милиони евра и, верувале или не, успеа да заврши со добивка од 418.000 евра, покажуваат податоци достапни во базата на Централниот регистар.

Ладната резерва на македонското електростопанство која беше изградена да се чува за „не дај Боже“ затоа што производната цена и е “да чува Господ“ лани имаше толку успешна деловна година каква што немала во својата четириесет годишна историја. Оваа компанија е всушност централа која произведува струја од мазут и досега низ годините наназад таа беше тотално нерентабилна и неконкурентна. Еве крунски доказ како енергетската криза ја преврте на глава целата економија. Дојде време ТЕЦ Неготино без ималку работа да направи профит од 410.000 евра, а да добие 8 милиони евра.

ТЕЦ Неготино е најмaлата и најмалку користена термоцентрала во Македонија. Според официјални достапни податоци од 1995 година до 2008 година произвела вкупно 1.385 гигаватчасови струја (за да биде појасно тоа е количина што само еден блок на РЕК во добрите денови ја произведувал за само една година). Последната година во која ТЕЦ Неготино работи на потребите на електроенергетскиот систем е 2008 година кога е ангажиран во месеците јануари и февруари.

Повеќе за оваа уникатна македонска енергетска „сага“ може да прочитате на следниот линк Враќање на отпишаните: Kако ТЕЦ „Неготино“ од ладна резерва стана златна резерва?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји