Кога е потребно да се спаси човечки живот, сите се ненадлежни: Ќе смени ли нешто бројот 112
Објавено во: Македонија 08 Април, 2021
Враќање во функција на бројот 112 најавува Стојанче Ангелов кој е на чело на Центарот за управување со кризи, откако се случи трагедијата со овчарот кој премрзна.
Обидувајќи се да побараат помош, медицинска екипа и роднини на починатиот овчар кој пет часа биле приморани да го носат на импровизирана носилка преку непристапен терен до болницата во Штип, добиле негативен одговор.
Од ЦУК им рекле дека не се надлежни, додека противпожарната единица не можела. Никој не кревал слушалка пак и во општината.
За да не се повтори ваков трагичен настан, Ангелов најави профункционирање на европскиот број 112 на кој ќе може да се пријавуваат безбедносни и здравствени проблеми.
-Јас сум оптимист дека во текот на јуни овој број ќе стане функционален“, вели Ангелов.
Од друга страна пак , одговорност за овој случај побара и Владата, а најавија и распишување на оглас за воспоставување на хеликоптерски итен медицински систем, кој во моментов не функционира поради истечен договор.
Граѓанската реакција лута
На социјалните мрежи граѓаните реагираа со негодување на случајот со починатиот човек.
Наидовме на коментари кои велат дека секогаш кога треба да се спасат човечки животи институциите или ја префрлаат топката или се прогласуваат за ненадлежни.
Па оттука и прашањето , колку ќе им биде од корист бројот 112 на граѓаните, и колку ќе бидат достапни тогаш институциите за помош, оставаме да покаже времето.