Кога реалноста ја стигнува фикцијата - Убиен филмаџија на „Наркос“
Објавено во: Свет 17 Септември, 2017
Филмаџија ангажиран од продуцентите на хит ТВ серијата „Наркос“ е убиен во Мексико додека разгледувал потенцијални локации за снимање на сцените.
37 годишниот Карлос Муњез Портал бил пронајден во својот автомобил изрешетан со куршуми во градот Тамаскалпа, а мексиканската полиција засега нема утврдено мотив ниту има има сведоци.
Серијата „Наркос“ ги следи случувањата кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години кога од Латинска Америка во земји како Колумбија и Мексико никнуваат моќните нарко картели со огромна трговија на дрога кој им носи десетици милијарди долари годишно и го прикажува целото насилство. За жал реалноста ја стигна фикцијата и филмаџијата на „Наркос“ е првата жртва на латиноамериканско тло.
Серијата иако се снимаше во Колумбија во родниот град на Пабло Ескобар досега немаше посериозни инциденти.