18 Мај, 2024
0.0278

Кога во Македонија ќе се добие ваква услуга?

Објавено во: Свет 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Приватна детска градинка од Букурешт, Романија информира дека денеска ќе работи и во текот на ноќта. 
Ова се прави со цел да ги згрижи децата чии родители учествуваат на протестите против измените на Кривичниот законик, со кои, како што тврдат нивните противници, на политичарите им се овоможува да избегнат судење за корупција.

„Ако сакате да отидете на протестите и нема каде да ги оставите своите деца, детската градинка „Том Соер“ ги отвора вратите за сите деца над двегодишна возраст. Децата дури може и да преноќат кај нас“ - се наведува во соопштението на управата на градинката.  

Како што објави информативниот портал „Заире“, еден млад бизнисмен утрово својата „канцеларија“ ја пренел на Плоштадот на победата во Букурешт, каде се одржуваат протестите, со цел, како што изјави, да може и да работи и да протестира. 

Според истиот извор, друг бизнисмен им овозможил флексибилно работно време на своите вработени, со цел да им овозможи да учествуваат на протестите. 

Маратонецот Андреј Рошу уште вчера најави дека од денеска „ќе се пресели“ на плоштадот и дека таму ќе тренира. 

„Фантастично е да можеш да тренираш со поглед кон Владата. Во крајна линија самото присуство тука претставува форма на протести. Властите треба да сфатат дека земјата нема да запре со протестите“- изјави Рошу. 

Повеќе жители на Букурешт најавија дека се подготвени да им обезбедат преноќиште на учесниците на протестите кои допатувале од другите градови на земјата. 

Повеќедневните протести против измените на Кривичниот законик, ќе продолжат и вечерва, откако вчера при судири беа повредени осуммина полициајци и четворица демонстранти.  

Некои од демонстрантите денеска се организираа преку социјалните мрежи да дојдат на Плоштадот на победата, за да го исчистат сметот по протестите. 

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата