Добивај вести на Viber
Австралискиот град Мелбурн шеста година по ред е најдобар град за живеење, според анализата на Economist Intelligence Unita.
Се рангираат градови во 140 земји по 30 критериуми меѓу кои се сигурност, здравствена заштита, образование, култура, инфраструктура, животна средина и друго.
Втор град на листата е Виена. Понатаму следат Ванкувер, Торонто, Калгари, Алделајд, Перт, Оукланд, Хелсинки и Хамбург.
„Тоа е фантастично“ - рече градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл кој вели дека градот ниту оваа, ниту претходните титули не ги зема здраво за готово.
Се наведува дека најдобро е да се живее во градови со средна големина, во богати земји, кои не се многу густо населени.
Најлошо се живее во Дамаск, Триполи и Лагос. Единствен европски град кој е во топ 10 најлоши е Киев.