12 Мај, 2024
0.0238

КОИ ИНВЕСТИТОРИ „НАПАДНАА“ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - вчера поминале четири нови блокови, интензивно се тргува и на редовниот пазар

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Акцијата на Комерцијална банка вчера повторно се најде во фокусот на инвеститорската јавност.

Не еден, туку четири блока беа истргувани со акциите на најголемата банка во земјава.

Нивната вкупна вредност е 225 илјади евра, што можеби не се големи пакети, но, постигнатата цена кај сите овие блокови е 16.300 денари за акција, што значи нов раст на вредноста на акцијата на оваа банка. 

Вкупниот број на истргуваните акции во четирите блока е 850 акции, а цената кај сите е 16.300 денари за акција. 

Кога станува збор за блок трансакција продажбата на акциите е за познат купувач, па затоа нема информација дали станува збор за различни учесници во зделките, или станува збор за еден исти купувач. 

Во секој случај, во првата трансакција некој платил 40 илјади евра, во втората 56 илјади, во третата 89 илјади и во четвртата 41 илјади евра, или вкупната сума е околу 225 илјади евра.

Вчера имало и истргувана голема количина на редовното тргување на берзата, или биле продадени 1.794 акции, што е повеќе од блоковите, а просечната цена на редовното тргување што вчера се постигнала на берзата, е над 16.299 акции, или речиси исто колку блок трансакциите.

Ако се погледне графиконот на движењето на цената на акциите на Комерцијална банка, се гледа дека таа е во континуиран раст, па ако на крајот на јануари цената била 15.884 денари за акција, сега е веќе 16.300 денари. 

Според ЦДХВ, сеуште единствен акционер со пакет од над 5 отсто во Комерцијална банка е компанијата Адора, со 14,99 отсто од акциите во Комерцијална банка.

Во јануари Комерцијална банка беше најтргувана акција на Берзата, а со неа се сврте промет од над два милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди