19 Мај, 2024
0.0267

Кои компании ќе настрадаат од високите цени на нафтата?

Објавено во: Економија 13 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на цените на суровата нафта со 50% минатата година беше прифатено рамнодушно од нафтените корпорации, но предизвика загриженост меѓу големите компании од други сектори.

Стравувањата дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прекине договорот за иранската нуклеарна програма, доведоа до зголемување на цената на суровата нафта над нивото од 70 долари за барел минатата недела за прв пат од крајот на 2014 година. Wall Street веќе предвидуваа поголем профит за компании како ExxonMobil, Chevron и гиганти како Continental Resources, пишува CNNMoney.

Но враќањето на повисоките цени на нафтата и на цената од 3 долари за галон бензин (3,8 литри) во САД ќе биде прифатено со загриженост не само од американските возачи, но и од раководителите на големите компании како Hershey и Sherwin-Williams . Истото важи и за некои компании во хемиската индустрија, пакувањето на храна, малопродажбата и транспортот.

Производителите на хемикалии се особено ранливи бидејќи користат сурова нафта како главна состојка. Најмалку половина од трошоците на компаниите како Polyone, Univar и KMG Chemicals се поврзани со нафтата и производни продукти покажуваат податоците на Goldman Sachs.

Eastman Chemical, Huntsman и гигантот во производство на бои Sherwin-Williams исто трошат речиси толку за нафта. Трошоците за суровини "се препраќаат во целосно погрешна насока", вели главниот финансиски директор на компанијата Алан Мистисин.

Нафтата е голем трошок и за компанијата Goodyear Tire & Rubber, како и за компании за автомобилски делови како AutoZone, Advance Auto Parts и Adient.

Компаниите за широка потрошувачка исто го набљудуваат со загриженост зголемувањето на цените на суровините, особено на суровата нафта. Goldman Sachs пишуваат и дека нафтата и нафтените производи сочинуваат најмалку 18% од трошоците на Hershey, Estee Lauder, Clorox, Mondelez и Church & Dwight.

Меѓу другите компании за широка потрошувачка, кои трошат значителни средства за нафта, се 3M, Haagen-Dazs, General Mills и JM Smucker. Некои од раководителите на овие компании предупредија неодамна дека тие веќе се соочуваат со потешкотии поради повисоките трошоци за суровини, особено челик и алуминиум, кои станаа поскапи по наметнатите давачки од претседателот Трамп.

"Цената на нафтата од 70 долари само го зголемува притисокот", рече Марк Битцер, извршен директор на Вирлпул неодамна. Повисоките цени на нафтата може да бидат двоен проблем за компаниите за широка потрошувачка. Нивните трошоци ќе се зголемат, додека Американците ќе имаат помалку расположлив приход да трошат во продавници, бидејќи ќе се соочат со повисоки цени на бензинот.

Авиокомпаниите исто така се подготвуваат за повисоки трошоци за гориво. Генералниот директор на "САД ервејс", Даглас Паркер, на 26 април изјави дека цените на нафтата се зголемиле за 60 отсто во текот на минатото лето. "Ова е големо зголемување за кратко време", предупреди тој и додаде дека тоа ќе има "материјално" влијание врз сите авиокомпании.

Добрата вест е дека многу големи компании, особено авиокомпании, користат стратегии за хеџинг за да ги искористат предностите на цените на енергијата кога се ниски. Ова значи дека болните последици од повисоките цени не се чувствуваат веднаш.

Другите компании треба да бидат способни да се справат со повисоките трошоци за енергија, особено затоа што САД и светските економии се стабилни. Невработеноста во САД падна под 4% во април за прв пат од 2000 година.

Зголемувањето на цените на нафтата беше поттикнато од голем број фактори, вклучувајќи ја и силната побарувачка и намалените приноси од Русија и земјите-членки на ОПЕК.

Во последно време нафтениот пазар е стимулиран од геополитички фактори како намалениот принос во Венецуела и очекувањата дека Трамп ќе наложи повторно санкции на Иран, кои се потврдени оваа недела.

На долг рок, зголемувањето на цените на нафтата може да биде ограничено од два главни фактори. Прво, трговците со нафта внимателно ќе следат колку брзо компаниите за гас од шкрилци во САД ќе реагираат на цената на нафтата од 70 долари со зголемено производство. Здрава доза на нова американска екстракција може да го излади пазарот.

Според Тамас Варга, главен аналитичар во компанијата PVM Oil Associates, пад на побарувачката на крајот ќе го ограничи понатамошното зголемување на цените.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници