17 Мај, 2024
0.0281

Кои од холивудските ѕвезди одмораат во Грција?

Објавено во: Стил 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

И ова лето во Грција се забележани како одмораат многу од холивудските ѕвезди.

Многу холивудски ѕвезди и оваа година ја избрале Грција за одмор, објавија грчките електронски изданија.

Рита Вилсон и Том Хенкс си направиле селфи покрај Егејското Море.

Двојката доаѓа секоја година на грчкиот остров Андипарос. Рита Вилсон објави фотографии на профилот со натпис „Го обожавам овој остров".

Леонадро Ди Каприо се обиде инкогнито да почива на островот Миконос, но локалните медиуми го открија и објавија фотографии на кои тој е со капа. Фановите на холивудската ѕвезда дури снимиле и видео со него.

Остров Скиатос го одбрала за одмор актерката Кејт Хадсон.

Во Грција била и Џесика Штајн која се сликала во храмот на Посејдон со мајка си.

На Крит го поминала оваа година одморот и Шарлиз Терон со двете деца.