27 Април, 2024
0.0360

Кој остана, кој замина, и кои се нови потпретседатели на СДСМ

Објавено во: Македонија 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Централниот одбор на владејачката СДСМ, одлучи да се донесат пет потпретседатели на партијата.

Двајца од нив се нови, тие за прв пат ќе бидат потпретседатели на СДСМ, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска е од синоќа официјално една од потпретседателите, новитет и изненадување за сопартициите но и за јавноста е новоизбраниот потпретседател автор и ПР експерт, Коста Петров.

Останатите тројца старо-нови потпретседатели на партијата се министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Мухамед Закири, пратеник во собранието и Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација.

Градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов и пратеничката Форсина Ременски ја напуштија позицијата потпретседател на СДСМ.

Петров синоќа преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политката го смета за свој најголем адут.

Премиерот Зоран Заев, пак на својот Фејсбук профил напиша дека преку Коста Петров, којшто е нов меѓу  редовите на партијата, и којшто е избран за потпретседател на СДСМ  ја испраќаат пораката како може да се засукаат ракавите, и да се направат напори да се успее во нашата земја.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“