Патишта што треба да се градат годинава: 12 делници, стотици километри, кои се тие?
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2013 15:15
Втората исклучително важна делница која годинава треба да добие сосема нова физиономија е магистралата Велес-Кадрифаково, во должина од 23 км, на која често се случуваат тешки сообраќајни несреќи со трагични исходи. Според планот, овој пат ќе прерасне во експресен, односно од сегашните 6,7 метри широчина, коловозот ќе се прошири на 11 метри, со што патувањето до Штип ќе стане и побрзо и побезбедно.
Исто така, годинава конечно, треба да биде доизграден и патот Штип-Струмица. Заменувањето на калдрмата со асфалт на делот Сурдулци-Радичево, ќе значи барем елементарно комплетирање на инсфраструктурата во Источна Македонија.
Од регионалните патни правци во финална реализација е и Смрдлива Вода-Ски центар Кожув. Ако биде се во ред, веќе од идната зимска сезона пристапот до овој центар ќе биде можен и со автомобил, и тоа во двата правци.
Регионални патишта што треба да се завршат во 2013, а кои се пренесени од програмата во 2012 година се и Радовиш-Конче,
Ангелци-Вељуса-Водоча,
Кавадарци-Мушов Гроб
и Дебар-Струга, во вкупна должина од 66 километри.
А, еве што ќе почне да се гради...
Освен дозавршувањето на наведените патишта, Јавното претпријатие за годинава издвои и 5 милиони евра за отпочнување на модернизација и реконструкција на неколку регионални правци. Патот до Сончев Град, Гарски мост-Бошков мост, Липково-Арачиново, Тетово-Јажинце и Опае-Белановце-Станчиќ во вкупна должина од 70 километри. Со оглед дека станува за амбициозен план, а малку пари, за очекување е овие патишта да бидат завршени идните години.
М.Г.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





