Кои пластични производи ќе бидат забранети до 2021 година
Објавено во: Свет 28 Март, 2019
Европскиот параламент ја утврди листата пластични производи за еднократна употреба кои ќе бидат забранети до 2021 година. По две години тие целосно треба да исчезнат од продавниците и рестораните во Европската Унија
Тоа се:
Уреди за еднократна употреба (вилушки, ножеви, лажици, стапичиња)
Пластични чинии за еднократна употреба
Пластични сламки
Стапичиња за учи изработени од пластика
Пластични рачки за балони
Пластични садови за храна, како и чашки направени од експандиран полистирен
Новите цели за рециклирање и поголема одговорност за производителите беа усвоени за време на гласањето вчера. Земјите членки на ЕУ ќе треба да стигнат до целта од 90 отсто за собирање пластични шишиња до 2029 година, кога пластичните шишиња треба да бидат со најмалку 25 отсто рециклирачка содржина до 2025 година и 30 отсто до 2030 година.