Добивај вести на Viber
Македонија според корупцијата во бизнисот е на дното на скалата на земјите од регионот, се наведува во заедничкиот извештај на канцеларијата на Обединетите нации(ОН) за дрога и криминал и на Европската комисија(ЕК), претставен во четврток во Брисел, јавува Макфакс.
Извештајот под наслов „Бизнисот, корупцијата и криминалот на западен Балкан: влијанието на поткупот и другите облици на криминал на приватното претприемаштво“ е направен врз основа на разговорот со повеќе од 12.700 компании и покажува дека корупцијата е третата најголема пречка за бизнисот во регионот.
Митото во регионот во просек изнесува 10,2 отсто, што значи дека скоро секоја десета компанија, во пет сектори офатени со истражувањето, дала мито на државните службеници во изминатата година.
Следени се секторите на производство, градежништво, трговија, угостителство и транспорт. Најмногу корупција има во Србија, 17 отсто, во Албанија 15,7 отсто, во Хрватска 10,7 отсто, а следува БиХ со 10,4 отсто. На поткуп во Македонија биле „принудени“ шест отсто од компаниите, а најмалку проблеми имале компаниите на Косово и во Црна Гора, 3,2 отсто.
Mитото најчесто се дава во облик на готовина, повеќе од третина, а во останатите случаи како платена храна, пијалок или некоја друга стока.
Просечниот износ на мито во регионот изнесува 881 евро, а највисок износ се плаќа на Косово 1.787 евра. Просекот во Хрватска е 395 евра, во БиХ 327, во Србија 935, во Албанија 904, во Црна Гора 830, а во Македонија 689 евра/
Поткупот најчесто се користи заради забрзување на процедурите, подобар третман и финализација на постапката, а често за да се обезбеди наклоност на службениците за идна соработка.
Најчесто се подмитуваат претставниците на локалните и регионалните власти, службениците на даночните и царинските служби, како и службениците на фирмите за пружање на комунални услуги.
Често се подмитуваат и полицајци, инспектори, вработени во катастарските одделенија, како и во здравството.
Помалку од два отсто од претприемачите одлучиле да ги пријават службениците кои барале мито, а шест отсто се откажале од инвестициите, покажува извештајот, пренесе Макфакс.